Работно време: Пон - Пет 08:00 - 16:00 часот

MK

ENG

ALB

ВО ОСНОВНИТЕ УЧИЛИШТА ВО ОПШТИНА БУТЕЛ НАСТАВАТА ЌЕ СЕ ОДВИВА СО ФИЗИЧКО ПРИСУСТВO

Деновиве повторно се актуелизира темата за затварање на училиштата и воведување на онлајн настава поради енергетската криза во која се наоѓаме. Најнапред да потенцирам и покрај големите опструкции од централната власт и проблемите со кој се соочуваме настава со физичко присуство ќе има. И покрај немањето слух од страна на централната васт, и покрај намалените дотации и трансфери во време на криза, Општина Бутел останува на ставот дека повторно затварање на училиштата ќе бидат само и само на штета на учениците.
Вложивме над 20.000.000 денари во инфраструктурни проекти во основните училишта. Во изминатиот период ги доведовме трошоците на општинските основни училишта на 0, воведовме нови рестриктивни мерки.
Општина Бутел и во иднина ќе превзема мерки со кои полесно ќе се надмине кризата. Непречено одвивање на наставата со физичко присуство е наша главна определба, а иднината на нашите деца останува наш врвен приоритет.

Дарко Костовски
Градоначалник на
Општина Бутел

Previous ДЕТСКИ ИГРИ – ДВИЖИ СЕ ЗА ЗДРАВЈЕ

ул. “Бутелска” бр. 4, Скопје

Работно време:

понеделник – петок: 08:00 – 16:00 час.

Структура на општината

Општина Бутел © 2022.