Вечерва, по повод Рамазан градоначалникот Дарко Костовски организираше ифтарска вечера за вработените во општина Бутел, соработниците, пријателите и дел од бизнис заедницата.
Чесниот пристап, искрената соработка и меѓусебното почитување не прави многу побогати луѓе !
Соживотот не смее да претставува празен збор, туку реалност којашто се покажува во реализација на проекти кои ќе го подобрат живот на сите граѓани.
Негување на соживотот и рамномерен развој на нашата општина е највисок приоритет за нас.
Им посакуваме пријатни рамазански пости и одбележување на празникот Рамазан.
Изразуваме голема благодарност кон сите, кои вечерва присуствуваа на оваа вечера.