УБАВ ДЕН СО МНОГУ НАСМЕВКИ И НОВИ ДРУГАРЧИЊА!
Денес, во посета на Општина Бутел и кабинетот на градоначалникот Дарко Костовски беа учениците од ООУ “Петар Здравковски – Пенко”.
Ги запознавме и разговаравме за работата на градоначалникот, работата на општинската администрација и за работата на Советот на Општина Бутел.
Одговаравме на нивните креативни прашања.
Образованието е наш врвен приоритет. Изминатиот период инвестиравме во голем број проекти, во општинските основни училишта.
Ќе продолжиме и понатаму да инвестираме во образованието, затоа што таму расте нашата иднина!