Денес, Општина Бутел во соработка со Фондацијата Конрад Аденауер беше домаќин на панел дискусија на којашто се разговараше за политиката на интегритет за нула корупција.
Денешниот настан е продолжување на плодната соработка со Фондацијата Конрад Аденауер.
Директорот Браун во своето излагање пред присутните истакна дека корупцијата е тема која ги засега сите сфери на општеството. Во оваа насока, со оваа иницијатива, во соработка со локалната самоуправа и градоначалниците кои се непосредна врска со граѓаните, заеднички треба да се работи за градење на доверба.
Патот е долг и токму затоа директорот Браун му се заблагодари на градоначалникот Дарко Костовски, кој изрази интерес и подготвеност да се вклучи во оваа иницијатива.
Одлични излагања на денешната панел дискусија имаа Александар Спасеновски, професор на Правниот Факултет “Јустинијан Први” Скопје и Стефан Андоновски, советник во Советот на Град Скопје.
Градоначалникот Дарко Костовски нагласи дека се отвори телефонска линија на којашто граѓаните можат да пријават проблем, се одржаа неколку едукативни работилници, се организираа отворени денови за да можат граѓаните многу полесно да пристапат и да се унапредат односите и комуникациите.





