Вчера, во големата сала на Општина Бутел беше отворена изложбата од XII ликовна колонија “Љубанци 2022”.
Дванаесеттата ликовна колонија “Љубанци 2022” се одржа од 13 до 19 јуни 2022 година. На оваа ликовна колонија учествуваа повеќе од 20 уметници, од земјата и странство.
Активно учество земаа и нашите основци, кои заедно твореа со уметниците.
Беа создадени 35 уметнички слики, изработени во акрил на платно и масло на платно.
Исто така, беа изработени и пет скулптури од мермер и скултури од дрво.
Инспирацијата уметниците секогаш ја пронаѓаат во убавините на Љубанци, недопрената природа и Скопска Црна Гора.
Оваа година поради прекин беа изложени и делата од ХI ликовна колонија.
Општина Бутел вложува и ја поддржува културата и културните настани. И во иднина ќе продолжиме да бидеме главен двигател на сите културнинастани во нашата општина.