Денес, ја продолжуваме соработката со Амбасадата на САД преку потпишување на меморандум за соработка со USAID.
Општина Бутел беше избрана за партнер на Проектот на УСАИД за “Зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите”.
Овој проект има за цел зголемување на сопствените извори на финансирање, како и надворешно финансирање на општината, зголемено ниво на извршување на буџетот и подобрување на процесот на децентрализација.
Овој проект ќе се спроведува во период од 18 месеци, со однапред договорен акциски план.
Ја продлабочуваме и ја дефинираме взаемната соработка, со нашите стратешки партнери.