Оваа манифестација е во организација на здружението на граѓани за култура и уметност “АН – БЛОК”, а во целост e поддржана од Општина Бутел.
Присутните имаа можност да се запознаат со дел од македонската, влашката, српската, албанската, бошњачката, турската и ромската култура. Беа презентирани и народните носии од нашата богата култура и традиција.
Културното наследство претставува мост за поврзување на минатото со сегашноста, меѓу времето и просторот, врска меѓу генерациите, сведоштво за нашето потекло.
Културната разноликост од форми и изрази на духовното и материјалното културно наследство треба да се промовира, заштитува и почитува, за да не се заборават традиционалните вредности.