Денес се дружевме со Генерација 2015 на ФК Бутел, кои се нови шампиони на Македонија.
Во конкуренција од над 100 екипи, овие златни деца ни докажаа дека кога се сака секогаш се може.
Општина Бутел е партнер и редовен поддржувач на ФК Бутел. Како во минатото, така и во иднина овие деца и овој клуб ќе имаат голем поддржувач во мене.
За неколку дена ќе го надминеме долгогодишниот проблем и ќе обезбедиме нови терени, за децата да можат правилно и без пречки да се развиваат и тренират.
Покрај тоа, преку јавен повик Општина Бутел ќе обезбеди и финансиска помош за клубот, а со новиот повик и повеќе стипендисти од овој клуб.
Спортистите и спортските клубови во Општина Бутел ќе имаат секогаш партнер.