Во дворот на ООУ “Живко Брајковски” на местото на разрушениот и пропаднат објект, започна со изградба новиот рекреативен центар со нов плоштад, нов парк и детски содржини.
На 2000 м2 ќе се протега новиот парк, а новиот плоштад на 500 м2. Покрај тоа, новиот рекреативен комплекс ќе содржи и ново детско катче за најмладите, нова пешачка патека која ќе го поврзува плоштадот со училиштето, зеленило и ново осветлување.
За првпат ќе се изгради и амфитеатар, којшто ќе можат граѓаните да го користат, но и сите ученици за разни манифестации.
Ова е едно големо барање на жителите на населбата Бутел 1, кое започна со реализација.
Запуштениот, разрушен објект кој ја нарушуваше безбедноста на граѓните замина во историја.
Уште едено ветување ќе биде реалност !
Општина Бутел се менува, ветувањата кон граѓаните се исполнуваат.