Фудбал, кошарка, атлетика во машка и женска категорија беа спортовите во кои нашите ученици се натпреваруваа, а за најдобрите беа доделени пехари.
Сакаме да им честитам на сите учесници, но и на наставниот кадар со чија помош се реализираше денешниот настан.
Од наредната учебна година, Општина Бутел ќе организира посебни мини олимписки игри со многу повеќе спортови.
Создаваме сериозна основа и вложуваме за понатамошен развој на спортот во нашата општина. Исто така, една од целите е подобрување на наставниот процес за физичко образование, кој има огромно влијае врз понатамошниот развој на секое дете, обезбедувајќи здрава иднина на новите генерации.
Општина Бутел и во иднина ќе вложува во развојот на спортот, спортската инфраструктура и ќе ги поддржува сите спортски манифестации.