Денес ја посетивме меѓународната ликовна колонија, којашто се одржува по 13 пат во Љубанци.
На ликовната колонија “Љубанци 2023” учестуваат 25 ликовни уметници од Република Македонија, но и од соседните земји – Република Бугарија и Република Србија, а истата трае 7 дена.
Денес ликовната колонија беше збогатена со над 30 ученици од нашите основни училишта, кои сликаа заедно со уметниците.
Оваа година сликите кои ќе бидат насликани ќе бидат донирани од страна на Општина Бутел.
И оваа манифестација финансиски целосно ја поддржа Општина Бутел.
Ја продолжуваме традицијата и инвестираме во културата и културните настани, со што се збогатуваат културните содржини во Општина Бутел.