Работно време: Пон - Пет 08:00 - 16:00 часот

MK

ENG

ALB

ВО ЗАВРШНА ФАЗА Е ИЗГРАДБАТА НА ПРВИОТ ПЛОШТАД И НОВИОТ ПАРК ВО ОПШТИНА БУТЕЛ,ПЛОШТАД “СЛОБОДА”

Во дворот на ООУ “Живко Брајковски”, на местото на разрушениот и пропаднат објект во завршна фаза со изградба е новиот рекреативен центар со нов плоштад, нов парк и детски содржини.
Во завршна фаза е холтикултурното уредување и ново зеленило, кое ќе го разубави овој простор.
На 2000 м2 се протега новиот парк, а новиот плоштад кој воедно е и прв во општина Бутел на 500 м2. Покрај тоа, новиот рекреативен комплекс содржи и ново детско катче за најмладите, нова пешачка патека која го поврзува плоштадот со училиштето и ново осветлување.
За првпат се изгради и амфитеатар кој ќе можат граѓаните да го користат, но и сите ученици за разни манифестации.
Ова е едно големо барање на жителите на населбата Бутел 1, кое е во завршна фаза со реализација.
Запуштениот, разрушен објект кој ја нарушуваше безбедноста на граѓните замина во историја.
Уште едено ветување станува реалност !
Општина Бутел се менува, ветувањата кон граѓаните се исполнуваат.

Previous МАРИО Е ДЕЛ ОД ОПШТИНА БУТЕЛ!

ул. “Бутелска” бр. 4, Скопје

Работно време:

понеделник – петок: 08:00 – 16:00 час.

Структура на општината

Општина Бутел © 2022.