Работно време: понеделник - петок 08:00 - 16:00 часот

MK

EN

ALB

ЗАПОЧНУВА ЦЕЛОСНА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА УЛИЦИ, ВО НАСЕЛЕНОТО МЕСТО ВИЗБЕГОВO

Ова е нова, голема акција со асфалтирање на улици на целата територија на општина Бутел. Опфатени се над 25 улици, коишто за првпат ќе добијат асфалт.
Денес, започна целосната реконструкција и саницаја на дел од улицата 2, во населеното место Визбегово.
Оваа улица за првпат ќе добие асфалт, по машинското гребење и поставување на нов тампон. Ќе се постават и сливници на соодветни места, со што ќе се надмине проблемот со поплавување на домовите при обилни дождови.
Градежното лето се одвива со силна динамика. Запазени се сите рокови и ветувањата кон граѓаните.
Наскоро ќе започнеме со асфалтирање и на останатите улици во населеното место Визбегово.

Еднаков и рамномерен развој на сите населени места.

Previous ЈАВЕН ПОВИК ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ НА МЕМОРИЈАЛЕН ТУРНИР ВО МАЛ ФУДБАЛ ЉУБАНЦИ 2023-година

ул. “Бутелска” бр. 4, Скопје

Работно време:

понеделник – петок: 08:00 – 16:00 час.

Структура на општината

Општина Бутел © 2022.