Општинскиот кризен штаб е во постојана комуникација со претставници на Министерството за внатрешни работи, службите на ЕВН и Центарот за управување со кризи.
Екипите на Општина Бутел се во целосна спремност да се справат со евентуалните последици од невремето.
Дежурните екипи се поставени да бидат на терен и достапни за граѓаните, доколку има потреба и пријави.
Ќе биде достапен и телефонски број 076 205 152, на којшто граѓаните на Општина Бутел можат да пријават последици од невремето или потреба од службите да интервенираат.
Апелираме граѓаните на Општина Бутел да останат смирени.