Вечерва, започна меморијалниот турнир кој се организира во чест на македонските бранители Томе Бадаревски и Гоце Чанкуловски, кои го дадоа животот во одбрана на Република Македонија.
Општина Бутел е генерален покровител на овој турнир.
Собраните средства од учеството на екипите, ќе бидат донирани за семејствата на загинатите бранители.
Благодарност до Ламбе Алабаковски, кој го збогати отворањето на овој турнир.
Општина Бутел продолжува со поддршка на сите спортски настани.