Работно време: понеделник - петок 08:00 - 16:00 часот

MK

EN

ALB

22 ГОДИНИ ОД НЕМИЛИОТ ЧИН, ВО КОЈ ЗАГИНАА МАКЕДОНСКИТЕ ХЕРОИ.

Денес, им се оддава почит на македонските бранители, кои го положија својот живот за одбрана на Република Македонија.

Поминаа 22 години од загинувањето на македонските бранители, 22 години тага во срцата.
Трагичен настан кој остави длабоки траги и нераскинлив дел од сегашноста и иднината на сите граѓани.

Пред 22 години загинаа Бадаровски Томе, Чанкуловски Гоце, Бошковски Марјанчо, Димовски Томе, Златевски Ивица, Јанев Бранко, Јанковски Раде и Настевски Томислав, кои го дадоа својот живот за својата држава и тоа никогаш нема да се заборави.

Се оддава почит на нивното херојско дело, како дел од македонската историја. Исто така, се упатува порака дека тие, македонските бранители, ќе живеат вечно во срцата.

Слава им!

Previous ЗАПОЧНА “МЕМОРИЈАЛНИОТ ТУРНИР ЉУБАНЦИ 2023”, НА ФУДБАЛСКОТО ИГРАЛИШТЕ СО ВЕШТАЧКА ТРЕВА !

ул. “Бутелска” бр. 4, Скопје

Работно време:

понеделник – петок: 08:00 – 16:00 час.

Структура на општината

Општина Бутел © 2022.