Денес, со првиот училишен час започна новата учебна година во Општина Бутел.
Многу насмевки, радост и нови другарувања со првачињата.
Градоначалникот Дарко Костовски го помина првиот училишен час заедно со новите првачиња, во игра и забава.
Оваа година, Општина Бутел повторно за сите првачиња обезбеди анатомски ранец со потребниот училишен прибор.
Градоначалникот Дарко Костовски на сите ученици им посакува успешна учебна година, многу нови знаења, другарување, взаемно почитување и радосни мигови.