Заврши Меморијалниот турнир во Љубанци, во чест на загинатите бранители
Најубавиот турнир во мал фудбал во Македонија.
Цел месец, се играше одличен фудбал на фудбалско игралиште со вештачка трева, со рекорден број на екипи и рекордна посетеност.
Честитки за победниците “Глас Лукс”, кои се овогодишни освојувачи на Меморијалниот турнир.
Честитки и за екипата “Манто 2013”, која беше достоен противник и го освои второто место.
Екипата на “Компанија Димовски” заврши на третото место.
Општина Бутел како генерален покровител обезбеди награден фонд од 450000 денари.
И во иднина, општина Бутел ќе ја продолжи оваа традиција и ќе биде главен поддржувач на вакви спортски манифестации.
Спортскиот дух владее во сите населени места.
Спортска Општина Бутел!