Работно време: понеделник - петок 08:00 - 16:00 часот

MK

EN

ALB

НАЈОСТРА ОСУДА ЗА ВАНДАЛСКИОТ ЧИН НА УНИШТУВАЊЕ НА УРБАНАТА ОПРЕМА

Градоначалникот Дарко Костовски најостро го осудува вандалскиот чин, со кој се уништува урбана опрема, особено во ова време кога се гради како никогаш досега.

Многу е жално што сите граѓани почесто се сведоци на дивјаштвото врз реквизитите и урбаната опрема, којашто претходно е поставена на местата каде децата и граѓаните најчесто одмораат.

Последниот случај е во дворот на ООУ “Ацо Шопов”, кадешто целосно е уништена урбаната опрема, а оштетен е и летниковецот.

На овој потег во изминатиот период се вложени над 4 милиони денари, во ново игралиште, нова урбана опрема и ново зеленило.

Градоначалникот Дарко Костовски јавно ќе побара од директорот на основното општинско училиште и од МВР да постапи и најригорозно да го санкционира ваквиот вандалски чин. Лицето е добро познато на службите од училиштето и на службите на МВР. Дополнително, по соодветната постапка ќе се побара надомест на штетата.

Градоначалникот Дарко Костовски апелира до граѓаните да се однесуваат одговорно и да го чуваат она што се гради и она во што се вложува,за подобри услови за сите граѓани на општина Бутел.

Previous ЗАВРШИ МЕМОРИЈАЛНИОТ ТУРНИР ВО ЉУБАНЦИ

ул. “Бутелска” бр. 4, Скопје

Работно време:

понеделник – петок: 08:00 – 16:00 час.

Структура на општината

Општина Бутел © 2022.