Работно време: понеделник - петок 08:00 - 16:00 часот

MK

EN

ALB

ГРАДЕЖНИТЕ АКТИВНОСТИ ЗА ИЗГРАДБА НА КОРИТО И ТРИМ ПАТЕКА НА РЕКА СЕРАВА СЕ ОДВИВААТ СО ОДЛИЧНА ДИНАМИКА

Коритото на реката Серава, од СРЦ “Македонија” до последната автобуска постојка на 57-а, во должина од 1400 метри за неколку дена ќе биде целосно исчистено. Следната недела ќе започнат активностите за ѕидање на коритото.

Денес, градоначалникот Дарко Костовски изврши увид во градежните активности при што истакна дека зеленилото покрај реката треба да се задржи. Истовремено, градоначалникот нагласи дека заштитата на животната средина е најголема цел и треба да се отстранат само дрвјата кои се во коритото и стари дрвја кои претставуваат опасност за жителите.

Еден од најголемите предизборно ветени проекти станува реалност.

Previous ПРОДОЛЖУВА АСФАЛТИРАЊЕТО НА УЛИЦИ ВО БУТЕЛ

ул. “Бутелска” бр. 4, Скопје

Работно време:

понеделник – петок: 08:00 – 16:00 час.

Структура на општината

Општина Бутел © 2022.