Успешната спортска приказна на клубот во мал фудбал “Бутел” започна минатата година.
Во општина Бутел има голема традиција во мал фудбал. Многу квалитетни спортисти, меѓу кои и неколку футсал репрезентативци се членови на клубови од општина Бутел.
Клубот во мал фудбал “Бутел” беше формиран минатата година, на иницијатива на градоначалникот Дарко Костовски. Клубот се натпреваруваше во втората македонска футсал лига, завршувајќи на првото место на табелата. Отсега, клубот ќе продолжи да се натпреварува во првата македонска футсал лига.
Општина Бутел е генерален спонзор на овој успешен спортски клуб. Локалната самоуправа и градоначалникот Дарко Костовски обезбедуваат услови за развој на клубот и на спортистите.
Градоначалникот упати големи пофалби кон целиот стручен тим на КМФ “Бутел”, кој го раководи Маријан Стефановски, докажан професионалец и големо име во малиот фудбал.
Натпреварите на домашен терен КМФ “Бутел” ги игра во салата “Антон Димитров” (позади општинската зграда).
Општина Бутел ги поканува сите граѓани да го бодрат КМФ “Бутел”.