Градоначалникот Дарко Костовски присуствуваше на тренингот на кошаркарскиот клуб “Бутел”, новоформиран тим кој вечерва почнува да се натпреварува во третата македонска кошаркарска лига.
Општина Бутел е генерален спонзор на овие момчиња, кои сигурно фуриозно ќе влезат во втората лига, а потоа и во првата македонска лига.
Кошаркарите на КК “Бутел” ќе тренираат и ќе се натпреваруваат во спортската сала “Иван Хаџи Николов” во Радишани. Општина Бутел ги повикува сите граѓани да бидат нивна поддршка.
Спортот е исклучително важен сегмент за здрава нација. Спортот ќе остане личен врвен приоритет на градоначалникот Дарко Костовски, низ кој ќе се воспитуваат многу млади генерации.