Работно време: Пон - Пет 08:00 - 16:00 часот

MK

ENG

ALB

130 ГОДИНИ МАКЕДОНСКА РЕВОЛУЦИОНЕРНА БОРБА! 130 ГОДИНИ ВМРО!

Денес, општина Бутел го одбележа 23-ти Октомври, најголемиот празник за секој Македонец. Градоначалникот Дарко Костовски истакна дека “ВМРО е код кој живее во секој Македонец, код испишан со идеите и жртвите на Делчев, Чернопеев, Александров и многу други млади интелектуалци и борци кои го положија животот за нашата слобода, за нашата единствена Македонија. 23-ти Октомври е симбол на борбата за слобода, државност и независност. Нашата заедничка цел треба бидат интересите на нашите граѓаните и на нашата заедничка држава Република Македонија”

Градоначалникот нагласи дека  како следбеници на нашите предци, почитувајќи ја нашата историја, треба да создадеме иднина за нашите потомци. Истовремено, градоначалникот Дарко Костовски упати порака до младите да бидат  победници, како што биле и тие, комитите.

Општина Бутел на сите граѓани им го честита празникот 23-ти Октомври, Денот на македонската револуционерна борба.

Previous ОПШТИНА БУТЕЛ ДОДЕЛУВА СПОРТСКИ СТИПЕНДИИ ЗА НАЈУСПЕШНИТЕ СПОРТИСТИ НА ОПШТИНА БУТЕЛ

ул. “Бутелска” бр. 4, Скопје

Работно време:

понеделник – петок: 08:00 – 16:00 час.

Структура на општината

Општина Бутел © 2022.