Ветените капитални проекти стануваат реалност. Новата детска градинка која се наоѓа во дворот на ООУ “Св. Климент Охридски” напредува со одлична динамика и градежните активности се во завршна фаза.
Вкупната површина на детската градинка изнесува 950 м2 во првата фаза, а втората фаза опфаќа 200 м2.
Инвестицијата за новата градинка изнесува 35.000.000 денари.
Капацитетот на градинката предвидува згрижување за 120 деца, а целиот објект ќе биде едно ново модерно здание кое ќе ги задоволи сите потреби на малите деца.
Изградбата на оваа градинка целосно ќе го реши проблемот со прием на нови дечиња.
Ветеното го исполнуваме.