Работно време: Пон - Пет 08:00 - 16:00 часот

MK

ENG

ALB

НОВ СПОРТСКИ ИСТОРИСКИ ПОДВИГ ЗА МАКЕДОНИЈА И ОПШТИНА БУТЕЛ

Денес, градоначалникот Дарко Костовски оствари средба со Ведрана Тунески, освојувач на бронзен медал на Европското првенство во олимписко Таеквондо за пионери во Белград.

Европското првенство се одржа на 22.10.2023 во Белград. Ведрана Тунески, член на таеквондо клубот “Бутел” и дел од македонската пионерска таеквондо репрезентација, со три доминантни победи дојде до врвен спортски резултат-бронзен медал во олимписки спорт на Европско првенство за пионери.

За овој историски резултат, Советот на Општина Бутел донесе одлука за доделување на еднократна парична помош за тренерот Иван Крстевски и европската медалистка Ведрана Тунески. Воедно, Ведрана ќе биде стипендист на Општина Бутел.

Бронзениот медал на Ведрана Тунески е еден од најголемите спортски успеси во историјата на македонскиот олимписки спорт во пионерска конкуренција.

Градоначалникот Дарко Костовски изрази надеж дека Ведрана еден ден ќе ја израдува нацијата со олимписки медал.

Previous ФИНАНСИСКА ПОМОШ ОД 2 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА РАНЛИВИ КАТЕГОРИИ И ГРАЃАНИ СО ТЕШКА ЗДРАВСТВЕНА СОСТОЈБА

ул. “Бутелска” бр. 4, Скопје

Работно време:

понеделник – петок: 08:00 – 16:00 час.

Структура на општината

Општина Бутел © 2022.