Општина Бутел започнува голем проект, ќе се снима документарен филм за златниот медалист и жител на општина Бутел Шабан Трстена. Тој освои два олимписки медали – златен на Олимписките игри во Лос Анџелес во 1984 год. и сребрен на Олимписките игри во Сеул во 1988 година, во слободен стил борење.
Неговиот подвиг е филмски, од мизерни услови Шабан Трстена доаѓа до врвни спортски остварувања врз основа на кои шампионот заслужува да биде прогласен за најдобар спортист во минатиот век.
Документарниот филм ќе биде снимен од врвната спортска продукција “Sport Klub TV”.