И оваа година, општина Бутел креира буџет заедно со граѓаните. За првпат тимови организирани од општина Бутел ќе го посетат секој дом и ќе прибираат предлози и идеи за новиот буџет.
Ќе се организираат штандови на најфрекфентните локации за време на викендите.
Исто така, за поголема вклученост граѓаните ќе имаат можност своите предлози, идеи и решенија да ги достават преку дополнителните алатки за комуникација:
Архива на Општина Бутел
Е-пошта info@opstinabutel.gov.mk
Контакт тел. 075 274 421
Буџетот за 2024 година ќе биде подготвен токму од предлозите на граѓаните, за потребите на граѓаните.
Општина Бутел и во следната година ќе работи исклучително за потребите и во интерес на граѓаните.
Стабилна, модерна, европска и просперитетна општина Бутел.