Работно време: Пон - Пет 08:00 - 16:00 часот

MK

ENG

ALB

ОДЛИЧНА ЕДУКТИВНА ДРУЖБА СО УЧЕНИЦИТЕ ОД ООУ “АЦО ШОПОВ”

Денес, градоначалникот Дарко Костовски го одбележа Меѓународниот ден на толеранцијата заедно со учениците од ООУ “Ацо Шопов”.

По тој повод беше организирана работилница на тема “Платформите на социјалните медиуми треба да бидат поактивни во регулирањето на говорот на омраза,за да се создаде потолерантна онлајн средина”.

На овој настан се обратија проф.д-р Татјана Стојаноска Иванова и проф.д-р Орхидеа Шурбановска,кои ги вклучија учениците во работилницата и низ игра и разговор го објаснија значењето на поимот толеранција.
Учениците активно учествуваа во игрите и изразија голем интерес за оваа тема.
Наскоро,општина Бутел ќе организира обуки и работилници за толеранција во повеќе општински училишта.
Толеранцијата претставува почитување,прифаќање и уважување на богатствата од различностите. Толеранцијата подразбира волја да се прифатат разликите во верата,националноста,политичките уверувања.
Да живееме заедно и едни со други-не едни до други.
Сето наведено, можеме да го практикуваме само доколку многу добро знаеме кои сме, каде припаѓаме и со почитување на стеблото од каде што потекнуваме.

Previous БУТЕЛЧАНЕЦОТ АЈРЕМИН ЈУСУФИ СО НОВ УСПЕХ ВО БОДИ БИЛДИНГ

ул. “Бутелска” бр. 4, Скопје

Работно време:

понеделник – петок: 08:00 – 16:00 час.

Структура на општината

Општина Бутел © 2022.