На иницијатива и големо задоволство на градоначалникот Дарко Костовски, денес беше организиран заеднички ручек со членовите на здружението на пензионери и членовите на здружението на инвалидски пензионери при општина Бутел.
Посакувајќи им многу здравје и долг живот градоначалникот ја започна денешната блиска средба. Убавата македонска песна и убавото македонско оро беа дел од денешната одлична дружба со највозрасните од општина Бутел.
Пензионерите од општина Бутел имаат голем партнер во градоначалникот Дарко Костовски и локалната самоуправа.
Следи донесување на пакет мерки за пензионерите од општина Бутел.