Работите кои изгледаа невозможно, стануваат чиста реалност.
Коритото на река Серава е претворено во градилиште, со забрзан интензитет почна да се ѕида коритото.
Рокот за изведба на овој мега проект е 2 години, интензитетот кој се наметнува од страна на изведувачот гарантира побрзо завршување на градежните активности.
По завршувањето на овој проект, следи изградба на трим патека и целосно партерно уредување на целиот потег од изграденото корито.








