Надлежните служби на општината навремено се справија со последиците од снегот.
Вечерва, во доцните часови градоначалникот Дарко Костовски е на терен, заедно со општинскиот кризен штаб.
Службите се на терен и расчистени се првите наноси на снег. Исчистени се сите повисоки места и критичните точки во општина Бутел, селата Љубанци и Љуботен.
Во текот на ноќта, дежурни екипи од комуналното одделение заедно со потребната механизација ќе бидат поставени на најкритичните места.
Општина Бутел апелира до возачите да внимаваат и да ја прилагодат брзината согласно условите на патот.
Сите улици се проодни и во возна состојба.
Кризниот штаб навремено ја следи состојбата на терен.





