Денес, на седницата на Советот на општина Бутел беа донесени неколку значајни одлуки:
- На предлог на градоначалникот Дарко Костовски, а со едногласна поддршка од Советот, општина Бутел да биде главен покровител на документарецот за еден од најголемите олимписки спортисти Шабан Трстена.
- Изгласан е предлогот за избор на командир на полициската станица Чаир од општа надлежност г.Игор Петровски. Неколку советници гласаа воздржано и не го поддржаа овој предлог.
- Дополнителна финансиска помош ќе биде доделена и за спортски клубови за посебни меѓународни натпревари и поддршка за културни манифестации.
- ЈКП “Бутел” ќе ги зголеми своите ингеренции и надлежности што е многу важно за олеснување на работата и како јавно претпријатие да биде во целост во служба на граѓаните.
Скоро сите одлуки на Советот се почесто се донесуваат едногласно, со акламација. Тоа е доказ за квалитетната работа на општината.
Советот на општина Бутел во изминатите две години носи одлуки исклучиво во интерес на граѓаните.
Општина Бутел континуирано и понатаму ќе помага во сите области, согласно своите можности.