Денеска од страна на учениците на општинско основното училиште „Живко Брајковски“, беше одбележан Светскиот ден на СИДАТА, кој од 1988 година се одбележува секоја година на 1 декември и представува меѓународен ден посветен на подигнувањето на јавната свесност за ХИВ и СИДА, посебно истакнувајќи ги постигнатите достигнувања во превенцијата на ХИВ-инфекцијата, но и достапноста на антиретровирусна терапија со чие навремено почнување и редовно земање се очекува повеќето луѓе да имаат просечно долг и квалитетен живот како и луѓето кои немаат ХИВ. Покрај сеќавањето на оние кои ја изгубиле битката со ХИВ, воедно се изразува солидарност и поддршка на луѓето што живеат со ХИВ. Во основното училиште „Живко Брајковски“ беше одржана презентација за запознавање на учениците со овој вирус и како полесно да го препознаат и заштитат да не дојде до зараза од сида. Симболот за свесност и поддршка е црвената панделка. Учениците направија посета на општината и на вработените им закачиња црвени панделки и направија една кратка презентација.
- ЗА ОПШТИНАТА
- ОРГАНИ НА ОПШТИНАТА
- УСЛУГИ
- ГРАЃАНСКИ БУЏЕТ
- УРБАНИЗАМ
- ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ
- КОНТАКТ
MK
EN
ALB