Денес, општина Бутел го чествува раѓањето на македонскиот поет и револуционер Никола Јонков Вапцаров.
Овој ден беше одбележан со неговите литературни творби и со традиционалните македонски ора. По положувањето на свежо цвеќе, во големата општинска сала учениците изведоа песни од големиот македонски поет и револуционер, Никола Јонков Вапцаров.
„Ние сме Македонци. Затоа и нашето творештво треба да биде во служба на македонската кауза“, ова е позната мисла на македонскиот поет Никола Јонков Вапцаров искажана во „Реферат“ напишан за основачкото собрание на Македонскиот литературен кружок во 1938 година.
Во песната „Земја“ најотворено ја изразува својата национална припадност и пишува за својата татковина Македонија.
Вечна му слава на македонскиот херој!