Работно време: понеделник - петок 08:00 - 16:00 часот

MK

EN

ALB

ВО ОПШТИНА БУТЕЛ ЌЕ СЕ ИЗГРАДИ НОВА ДЕТСКА ГРАДИНКА ВО БУТЕЛ 2

Во Собранието на Република Македонија беше прифатен амандман, со кој се обезбедуваат средства за изградба на нова детска градинка во населеното место Бутел 2.

Градоначалникот Дарко Костовски изрази голема благодарност на претседателот д-р Христијан Мицкоски и на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ за предложениот амандман. Покрај опструкциите на власта, во општина Бутел ќе се изгради уште еден капитален проект.

Проектната документација за новата градинка во Бутел 2 веќе забрзано се подготвува и истата ќе биде завршена до крајот на 2023 година. Проектот ќе започне со реализација во првото тромесечие од 2024 година.

Со реализација на овој голем и значаен проект, во мандатот на градоначалникот Дарко Костовски ќе бидат изградени две нови градинки, во период од три години.

Previous ЕМИСИЈА ЗА АНГАЖМАНОТ НА МАРИО ВО ОПШТИНА БУТЕЛ

ул. “Бутелска” бр. 4, Скопје

Работно време:

понеделник – петок: 08:00 – 16:00 час.

Структура на општината

Општина Бутел © 2022.