Денес, во oпштина Медвеџа (Република Србија) градоначалникот Дарко Костовски го започна проектот за поставување фотоволтаици на неколку општински објекти.
Со овој проект, кој е во целост финансиран и поддржан од Европската Унија, општина Бутел обезбеди поставување на фотоволтаици на неколку објекти – општинската зграда, ООУ “Ацо Шопов”, ООУ “Св. Климент Охридски” и објектот на детската градинка “Ташко Караџа” во Радишани.Овие објекти ќе станат енергетско ефикасни.
Поставувањето на фотоволтаици за производство на електрична енергија ќе значи олеснување на ударот од енергетската криза. Општина Бутел на овој начин ќе ги намали трошоците за електрична енергија.
Воедно, општина Бутел ќе биде прва општина во која ќе се формираат енергетски задруги. Со овие активности, локалната самоуправа вложува во зелената енергија и развојот на претприемништвото, а ќе поттикне многумина да инвестираат во обновливи извори на енергија.