Денес, градоначалникот Дарко Костовски во соработка со Скопската епархија на МПЦ и отец Оливер поделија пакети со хуманитарна помош, на пензионерите корисници на инвалидска пензија од општина Бутел.
Во пресрет на новогодишните празници, граѓаните се соочени со енормни покачувања на цените на сите намирници. Оваа помош е прва во низата мерки што општина Бутел ќе ги спроведе. Наскоро, ќе се реализира голема хуманитарна акција за сите социјално загрозени граѓани на општина Бутел.
Покрај тоа, од неодамна започна делењето на топли оброци во кујната на црквата “Раѓање на Свети Јован Крстител” во Бутел.