И оваа година “Снежна Бајка” помина во преубава новогодишна атмосфера, со многу насмевки, игри, другарување.
Дечињата се дружеа и забавуваа со омилените Боби и Биби и Дедо Мраз, кој подели пакетче на секое дете.
Нека ова пакетче со него донесе и огромна љубов, завиткана со искреност, врзана со грижливост и запечатено со благослов, за да ги радува сите во текот на целата година.
Градоначалникот Дарко Костовски изрази благодарност кон сите кои присустуваа на овој преубав настан и до дечињата кои донесоа посебна радост и топлина.
Општина Бутел и градоначалникот Дарко Костовски на сите граѓани им ја честитаат Новата 2024 година!