Општина Бутел започна со проект за изградба на нови фитнес зони.
Во дворот на ООУ “Гоце Делчев” во Љубанци е изградена првата фитнес зона.
Фитнес зоната се протега на површина од 100 м2, опремена со потребните реквизити за подобра физичка кондиција и подобрена здравствена состојба на сите корисници.
Реквизитите се едноставни и безбедни за употреба – за почетници, како и за искусни корисници. Покрај тоа, реквизитите се заштитени од оштетувања, при соодветно користење.
Општина Бутел продолжува со инвестирање во здравиот начин на живот.






