Во пресрет на големите христијански празници, општина Бутел организираше голема хуманитарна акција за најранливите категории на граѓани.
Пред нас е еден од најтешките месеци кога граѓаните секогаш трошат најмногу. Истрошени се домашните буџети, а овој и наредниот месец се исклучително тешки за домаќинствата. Дополнително, граѓаните се погодени од енергетската криза, економската криза и зголемувањето на цените на основните намирници.
Денес, во соработка со општествено одговорни компании градоначалникот Дарко Костовски подели над 300 хуманитарни пакети, со основни прехрамбени продукти на најзагрозените социјални семејства на територија на општина Бутел.
Хуманоста значи да се помага секогаш и во секој момент – кому било и на кој било начин, без оглед на верска, етничка и национална припадност.






