Вторник е ден за директни средби на градоначалникот Дарко Костовски со граѓаните. По завршување на работното време, активностите продолжија со средби со граѓаните. Градоначалникот директно разговараше за можностите и решенијата за нивните потреби и проблеми.
Исто така, се разговараше и за идните проекти коишто се реализираат на барање на граѓаните.
Отворениот пристап кон граѓаните е еден од најважните принципи на работење на градоначалникот Дарко Костовски.
Граѓаните можат да закажат средба со градоначалникот на моб. 075 274 421.









