Работно време: Пон - Пет 08:00 - 16:00 часот

MK

ENG

ALB

ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА ЗА НАЈРАНЛИВАТА КАТЕГОРИЈА НА ПЕНЗИОНЕРИ ОД ОПШТИНА БУТЕЛ

ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА ЗА НАЈРАНЛИВАТА КАТЕГОРИЈА НА ПЕНЗИОНЕРИ ОД ОПШТИНА БУТЕЛ

Општина Бутел објави Јавен повик за доделување на еднократна финансиска помош и поддршка во износ од 2.000 денари,  на најранливата категорија на пензионери со минимална пензија.

Во услови на енормни поскапувања, зголемени сметки, зголемени трошоци и зголемена потрошувачка кошница, во услови на голема економска и енергетска криза, на иницијатива на градоначалникот Дарко Костовски ќе се додели финансиска помош на пензионерите и на нивните семејства.

Јавниот повик е отворен од 24.01.2024 до 31.01.2024 година.

Потребната документација може да се достави секој работен ден во просториите на Општина Бутел, од 09:00 до 15:00 часот.

Право на финансиска поддршка ќе остварат:
– Граѓани кои имаат постојано живеалиште на територија на Општина Бутел
– Приматели на старосна, семејна или инвалидска пензија чијшто износ не е повисок од 15.000 денари.

Јавниот повик и потребните документи се објавени на следниот линк

Исплатата ќе се изврши на принцип “прв дојден – прв услужен”.

Општина Бутел продолжува со грижата за најстарите граѓани.

Previous ЈАВЕН ПОВИК ЗА ЕДНОКРАТНА ФИНАНСИСКА ПОМОШ НА ПЕНЗИОНЕРИ СО МИНИМАЛНА ПЕНЗИЈА

ул. “Бутелска” бр. 4, Скопје

Работно време:

понеделник – петок: 08:00 – 16:00 час.

Структура на општината

Општина Бутел © 2022.