Старото фудбалско игралиште во населеното место Кучевачка Бара ќе блесне во ново руво.
Новиот спортско-рекреативен центар ќе се протега на површина од 2000 м2 и ќе има многу нови содржини.
Зачувување и негување на маалскиот живот е цел на градоначалникот Дарко Костовски.
Новиот спортско-рекреативен центар ќе содржи ново фудбалско игралиште со висококвалитетна вештачка трева, ново детско игралиште кое ќе го замени старото и уништено игралиште, нов летниковец и нови клупи, нов парк и нова зелена површина.
Маалскиот дух се чува и негува.
Општина Бутел се менува.