Денес, работното време на градоначалникот и општинската администрација траеше до 21:00 час.
Вторник е ден за директни средби со граѓаните. По завршување на работното време, градоначалникот Дарко Костовски оствари средби со граѓаните и разговараше за можностите и решенијата за нивните потреби и проблеми.
Градоначалникот изрази задоволство за пријателските разговори со граѓаните, предлозите за подобра иднина и идните проекти коишто се реализираат на барање на граѓаните.
Градоначалникот и општинската администрација директно ги решаваат барањата на граѓаните.
Отворениот пристап кон граѓаните е еден од најважни принципи на работење на градоначалникот.
Закажете средба на 075 274 421.