Работно време: Пон - Пет 08:00 - 16:00 часот

MK

ENG

ALB

ЗА МНОГУ ГОДИНИ СВЕТИ ТРИФУН

Вековната македонска традиција продолжува.

Денес, градоначалникот Дарко Костовски заедно со потпретседателот на ВМРО – ДПМНЕ Владо Мисајловски, колегите градоначалници Александар и Орце и пратеникот Бојан во црквата “Св.Трифун” во село Кучково, го прославија денешниот празник.

На денешниот црковен собир чиноначалствуваше Архиепископот Охридски и Македонски г.г Стефан.

Традиционално, на 14 февруари се закројува лозјето. Овој ден се смета и за последен од зимските и за прв од пролетните празници.

Според православната црква Св.Трифун ги штити лозјата и градините од разни штети, несреќи и болести, поради што верниците го слават и изведуваат обичаи.

Previous ПО 56 ГОДИНИ ООУ “ПАНАЈОТ ГИНОВСКИ” ВО БУТЕЛ 2 ДОБИ ЦЕЛОСНО НОВА ФАСАДА

ул. “Бутелска” бр. 4, Скопје

Работно време:

понеделник – петок: 08:00 – 16:00 час.

Структура на општината

Општина Бутел © 2022.