Денес се навршуваат 20 години од трагичната смрт на претседателот Борис Трајковски.
„Блажени се тие што градат мир“ е дел од библиската порака од неговиот надгробен споменик којашто е аманет за сите политичари.
Претседателот Борис Трајковски вечно ќе остане запаметен како чесен, храбар и политичар посветен на сите граѓани.
“Секој политичар и државник треба да има визија и храброст некогаш да жртвува нешто, да не мисли на својот рејтинг кога настојува да направи нешто вредно за земјата.” – говореше претседателот Борис Трајковски.