Денес во градинката “Ташко Караџа”, во населба Радишани беше организирана работилница под мотото “Виолетова, бела, зелена – со љубов и почит споделена”.
Секоја година по повод Меѓународниот ден на жената се организира оваа работилница, на која присуствуваат и родителите.
На оваа работилница дечињата со помош од родителите изработуваат честитки за мама, баба и за секоја жена на која и се подарува љубов и почит. Затоа што секоја жена е важна.
8-ми Март оваа година ќе се одбележува под мотото “Инспирација за промени“.