НАД 700 УЧЕНИЦИ ОД ООУ “АЦО ШОПОВ” ГО ФОРМИРАА МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ
Почетокот на секој месец во општина Бутел ќе биде посебен.
Денес, градоначалникот Дарко Костовски заедно со учениците од ООУ “Ацо Шопов” го формираа македонското знаме и оддадоа почит на македонската химна, со што започнаа нови убави настани.
Овој чин не прави горди и говори за љубовта кон татковината и почитта кон нејзините историски вредности.
Развивање на чуството кај младите луѓе да си ја сакаат, почитуваат, штитат и чуваат татковината и да ги почитуваат сите нејзини национални белези и симболи, за градоначалникот Дарко Костовски е важен момент.
”Млад сум а душата ми е остарена од љубовта моја неостварена, љубовта Македонија” – Ацо Шопов
Македонија вечна!