Работно време: Пон - Пет 08:00 - 16:00 часот

MK

ENG

ALB

ФОРМИРАЊЕ НА ЛАГ ЗА РАЗВОЈ НА РУРАЛНИТЕ СРЕДИНИ

Потпишан е Меморандум за основање на Локална акциона група за интегриран пристап во развојот на руралните средини.

Денес, во просториите на општина Гази Баба беше потпишан Меморандумот за соработка за основање на Локална акциона група.

Оваа група ќе има за цел подготовка на Стратегијата за развој на руралните средина во општините Бутел, Гази Баба, Илинден и Чучер Сандево.

Во следната фаза ќе следи формирање на Локалната акциона група како посебен субјект, кој ќе биде одговорен за реализација на Стратегијата.

Основен принцип на идниот развој е од долу – нагоре, односно преку активно и партиципативно учество на сите чинители во руралните средини на горенаведените општини.

Оваа постапка е уште еден доказ за решителноста за рамномерен регионален развој, преку создавање можности за подинамичен развој на руралните средини.

Previous СИЛНА ДИНАМИКА КАКО НИКОГАШ ДОСЕГА – ПРОДОЛЖУВА ГРАДЕЖНАТА ОФАНЗИВА

ул. “Бутелска” бр. 4, Скопје

Работно време:

понеделник – петок: 08:00 – 16:00 час.

Структура на општината

Општина Бутел © 2022.