Традицијата на карневалот во Љубанци продолжува.
Денес, по повод големиот христијански празник Прочка во Љубанци под маски се одржа традиционалниот карневал. Голем број граѓани и оваа година го посетија Љубанци и го одбележаа овој голем ден.
Општина Бутел и оваа година е главен покровител на карневалот.
Карневалот има вековна традиција, а потекнува од паганскиот период. Се верува дека се одржува уште од ХIII век од кога постои и селото. Жителите на Љубанци успеале да го одржат, зачувувајќи го македонскиот дух.
Човечки е да се погреши, но уште почовечки е да се прости.














